Али Ахмети ќе мора да пресече: Или Бујар Османи и Артан Груби или Изет Меџити и Муса Џафери- фракционерите добија функции, ама ги бараат и главите на функционерите

-Луѓево потфрлуваат, немаат рејтинг, немаат сработено, затоа треба да си одат, порача Меџити.

Изет Меџити, Муса Џафери или Бујар Османи, Артан Гругби. Али Амети по се изгледа конечно ќе мора да пресече, дали ќе остане со своите најблиски соработници, првиот вицепремиер и министерот за надворешни работи, или ќе го послуша гласот на фракционерите. Тие предводени од партискиот заменик на вечниот лидер на ДУИ, Изет Меџити побараа заминување на интегративните владини функционери. Сепак не одговорија што ќе се случи доколку Ахмети одлучи и понатаму да игра со Груби и Османи, за тоа ќе се разговарало внатрепартиски.

-Тие се најистакнати, најнепосакувани кај граѓаните и тоа ИРИ го кажува и ние тоа го нагласивме. И во овој случај целиот владин состав потфрлува и треба да отстапат место за други поенергични и што знаат повеќе да се справат со предизвиците… Реков целиот состав (Што ќе биде ако не си одат?) Сега не е интервју ова, ние ги покажавме нашите ставови, изјави Меџити.

Порачаа дека речиси ништо не било исполнето од програмата  на ДУИ. Меѓу проблемите го споменаа и нерамномерното вработвање во приватниот сектор. Проблем било што во индустриските зони биле вработени само 2.5 проценти Албанци. Запрашан како тоа би се променило, Меџити порача дека Владата имала механизми.

-(Кажавте дека во индустриските зони работеле 97.5 проценти Македонци, како планирате тоа да го промените кога се приватни фирми во прашање?) А зошто баш така? Зошто не се случува случајно во зона економска во Штип да има 50 посто Албанци. (Како планирате да го промените тоа?) Не, ние не планираме, ние само констатираме и Владата има многу механизми, значи цело време е во комуникација со нив, ги помага нив, порача Меџити.

Сепак и покрај се останвуаат со поддршка за владината коалиција и излезот не го гледаат во предвремените парламентарни избори, кои веќе подолго време ги бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а сега и опозицијата од албанскиот блок предводена од БЕСА на Касами.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста