Зошто власта остана глува на добронамерните критики на експертите?

Дискриминација по социјална основа, задоцнет старт на учебната година, недоволна обука за онлајн настава, несоодветен систем на образование, неконзистентна платформа за учење, се само дел од грижите и проблемите со кои се соочуваат родителите, учениците и експертите за како оваа школска година да не биде промашена која ќе остави дупка во образованието на децата.

Арогантноста на челниците на институциите е само капак, велат дел од познавачите.

Овој систем ваков каков што е не е сетиран за потребите на децата. Втора работа која навистина многу ме заболе како човек, активист, професионалец е изјавата на министерката за труд и социјала која вчера не посоветува дека треба си го искористиме викендот без ДДВ. Ова е втор пат на таа иста министерка да дава таква несоодветна изјава, првата беше за враќањето на мајките од породилно, едно нешто сакам директно да посочам, а тоа е дека со ароганција и надменост особено од институциите како што се министерство за труд и МОН ние нема да постигнеме никакви промени, вели Катерина Златановска Попова – советник за развој на кариера и тренер

Министерката за образование Царовска пред неколку дена истакна дека периодот за подготовка за старт на учебната година бил краток , но првиот човек на детската амбасада Меѓаши вели дека досега наставата требала да почне, оти институциите имале време да го подготват стартот, но не се знае зошто тоа не го направиле.

Имаше доволно време и МОН и бирото за развој на образование да се подготват за учебната година. Ние имавме едно истражување, соработуваме директно со професорите, имаме комуникација со децата и родителите. Но нема конзистентен однос на министрите кои доаѓаат да го водат овој ресор, во однос на подготивителниот период …. , вели Драги Змијанац – Меѓаши.

Останува се уште огромен проблем како ќе се учат оние деца кои немаат можност за физичка настава, а немаат ни лап топи за следење на онлајн настава.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста