Зошто тендер за картички, а не испечатени пропусници? – Сомнежи за голем криминал

Криминал од големи размери – владата ќе потроши 2.8 милиони евра за картички за бесплатни патарини за српските граѓани, ама тие нема да завршат во вистински раце –ова се само дел од критиките по социјалните мрежи. Без број креативни решенија како може да се заштедат парите кои ќе ги потроши владата на тендер за картички пишуваат граѓаните. Зошто едноставно не се крене рампата на српски регистарски таблички или пак не им се даде испечатен документ со кој слободно ќе поминуваат на патарините? Од јавното претпријатие државни патишта одговараат дека така ќе се правел непотребен застој на патарините, затоа тендерот за картички бил неопходен. Револтот на граѓаните не стивнува,оди и до таму што јавноста овој потег на власта го толкува како субвенционирање на грчкиот туризам, но и дека поефтино дури би било чартер лет да им се плати на Србите да летуваат во Грција на пример…

Коментари на социјалните мрежи:

Не само што ќе нема приход, туку и даваме уште толку беспотребно пари на граѓаните на тендераши.

Дополнително, картичките нема да завршат во вистински раце и голем дел од српските државјани пак ќе си платат патарини.

КРИМИНАЛ!!!

Дека нели, по регистрацијата не можеме да го познаеме!

Во меѓувреме:

-Во забитов одвај рефундираат клексани, ксарелто си го кешираме како попчиња со години наназад. Бесплатно здравство, мај ес.

Пак ќе прават криминал… Три милиони евра за 200.000 картички за патарини .. тоа доаѓа по 15 евра картичка за ослободување од патарини на српски државјани. Ова автомобиливе кога ќе врват не можи да поминуваат без картички???

Лоповиии !!!

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека се станува збор за сомнителна зделка и милионски тендер.  Од партијата прашуваат зошто ова мерка не важи и не се воспостави за Охрид, тука само за Грција. 

  • Очигледно, за Зоран Заев и најкриминалната Влада во Европа зборовите транспаретност, отчетност и одговорност немаат никакво значење. Тие се занимаваат само со бизнис зделки и милионски профити.Токму затоа, одговорите на овие прашања македонската јавност мора да добие и да ги слушне.Граѓаните мора да знаат каде, зошто и како се трошат нивните пари-рече КИРИЛ ПЕЦАКОВ -ВМРО ДПМНЕ.

За 200 илјади картички ќе се потрошат  2,8 милиони евра  кои ќе важат од 15 јуни до 15 август со кои српските граѓани ќе можат да поминуваат низ Македонија без надомест за патирана.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста