Мицкоски открива нова афера: Вице Заев изнудувал 250.000 евра од битолска фирма

Нова афера ја тресе Македонија, овој пат во главна улога е братот на премиерот Зоран Заев односно Вице Заев, кој заедно со екс директорот на РЕК Битола Ковачевски сакал да изрекетира неверојатни 250 000 евра, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на опозицијата денеска објави документи кои според него ја покажуваат спрегата меѓу полицијата и извршната власт. Најновниот скандал кој е само дел од низата на афери кои ги објави ВМРО-ДПМНЕ е како Вице изнудувал пари од битолската фирма „Рубитон“ – добитник на тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола по регуларен пат.

Според информациите што ги обелодени првиот човек на партијата Мицкоски, изнудувањето одело преку Васко Ковачевски, тој вршел притисок „Рубитон“ да отстапи 99 отсто од добиениот бизнис, на компанијата „СВ Инвест“ на Столе Чифлигароски. Кога сопствениците на „Рубитон“, Василев и Радивчев не се согласиле, Ковачевски  им рекол да му дадат 250.000 евра во кеш на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.  

 Побарувањата биле „Рубитон“ да ја сработи работата, а 250.000 евра да му припаднат на Вице Заев во кеш и таа сума била многу поголема од можната заработка. Откако сопственикот на „Рубитон“ не се одзвал на повиците, Вице му се заканил дека фирмата ќе ја загуби работата. На крајот така и било. Компанијата ја губи работата од РЕК и трпи штета од 30 милиони денари. – вели Мицкоски.

Но ова не е крајот на скандалот. Мицкоски открива дека Василев и Радивчев го пријавиле рекетирањето во обвинителство крајот на февруари лани, во време на техничка влада. Раскажаното сведоштво во пријавата го потпишува тогашниот заменик началник на одделението за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Лазе Велковски. И тогаш како што вели Мицкоски, исчезнува делот со Вице  Заев во пријавата.  За ова партијата достави испечатени верзии од двете различни пријави со и без името на братот на премиерот.

-Мистериозно исчезнува делот во пријавата каде што се спомнува Вице Заев. Имаме информација дека Лазе Велковски веднаш изработил нов документ и таму го изоставил делот каде што се спомнува братот на премиерот, но заборавил штембилот да го стави на истото место како на оригиналот – вели Мицкоски.

Освен ова во корегираната пријава според Мицкоски недостасува и делот дека „Рубитон“ не добила одобрение за влез на механизација во РЕК Битола, а еден од сопствениците на  компанијата добил телефонски повик на Вибер од Вице Заев, кој му рекол дека ќе дојде извесен Горан од „Тотал“ и со него да ја завршат работата.

Сопственикот на „Рубитон“ добил повик од Чифлигароски дека Горан доаѓа во Битола по работа и да се видат, но тој се изнервирал, го исклучил телефонот и заминал на планина. Наредниот ден, добил порака на Вибер од Вице во која пишувало: Многу лош впечаток оставивте, недостапен си бил, а седиш во кафич, имам слики. А веднаш потоа добил и повик од Вице, а братот на премиерот му рекол: Ќе си ја тераш твојата работа, ние нашата, па ќе видиме до каде ќе стигнеш – наведе Мицкоски.

Според Мицкоски ова е огромна афера со која се обелоденува како жестоко се рекетрирани бизнисмени.

РЕК експресно ја демантираше скандалозната афера, а истото го направи и Вице Заев.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста