Живеат покрај река, а немаат вода – жителите на Орман бараат од градоначалникот Наумовски да им го реши проблемот

Некогаш зеленило, плодна почва и чист воздух – сега пустина, вака го опишуваат жителите скопско Орман каде поради застој во главниот канал веќе не можат да ја наводнуваат земјата со водата од реката Лепенец,  

Суша и пожари се речиси секојдневие на жителите на село Орман во општина Ѓорче Петров, поради немање слух на надлежните да го решат нивниот проблем, затоа што четири години немаат вода за наводнување.

Жителите на Орман алармираат, овој проблем да се реши што побрзо.Според нивните проценки за само неколку дена, со механизација може да се пробие каналот и да се пушти водата. 

Јас сум одел неколку пати во општина, викаат ќе пуштиме ќе пуштиме, од тоа нема ништо. Нашите барања се да ни се оспособи каналот, се е исушено,. Бараме помош од општината, од државата, некој кој ќе сака да ни помогне, да го пушти каналот како што бил порано – вели Јован Петкоски – жител на с.Орман.

Не можам да замислам сега кога ја гледам оваа пустина, се е изгорено и што е најважно, низ селото не циркулира вода, а тука имало канали, се чистело, се огледувало, и сите живееле со убав бериќет – вели Мира Симоновска – жител на с.Орман.

Според изјавите на градоначалникот на Ѓорче Петров се чини дека деценискиот проблем е заглавен во институциналните лавиринти, а кога ќе се реши точно не се знае.

Станува збор за децениски проблем. Ние направивме неколку напори да го дигнеме нивото од таа страна но тој проект чини околу 5 милиони евра, преку скопски плански регион, градот ќе учествува со 1 милион евра, дополнително се работи за државен проект од а категорија каде треба да аплицира министерството за животна средина пред  пред Министерството за транспорт и да се уреди речното корито на Лепенец – изјави градоначалникот на Општина „Ѓорче Петров“ Александар Наумовски.

Подрачјето Орман е склоно на суши а во лето има и над 30 пожари велат жителите. Бараат од локалната самоуправа барем привремено да го реши проблемот со пробивање на каналот,додека не се спроведе најавуваниот проект.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста