УНЕСКО одлучува за статусот на Охрид, Заев задоволен од досега направеното
Три дена под лупата на Унеско, сеуште е неизвезно дали нашето единствено заштитени ппдрачје под капата на Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации, ќе се најде на листата на светско наследство во опасност.Откако вчера и покрај силните аргенти на советодавните тела на Унеско,дека регионот е под постојан притисок,расправата беше прекината по претставувањето на Амандманот од Босна и Херцеговина, во кој се бара на Македонија и Албанијада им се остави уште две години време за спроведување на препораките.Делегацијата на Норвешка истапи со јасен став дека на двете земји не треба да им се даде дополнителен период за да постапат по препораките. И покрај вчерашните силни критики на најголемата меѓународна мрежа за заштита на природата и независно експертско советодавно тело на Центарот за светско наследство, IUCN, Заев од Охрид порача дека како Претседател на Влада можел само да рече аферим за се што до сега било направено.Тој тврдеше деке не се лобирало Охрид и овој пат да куртули и да не се најде на листата на загрозени подрачја.
Тука не е политиката во прашање,таму се исклучително експерти, професионалци со доминантно влијание на претставиците од нордиските земји, Норвешка го води целиот овој проект и е најгласна наша земја пријател, но не може премиерот Заев да се јави на премиерката на Норвешка – изјави премиерот Заев.
Благодарение на постигнатите резултати,го свртевме вниманието на сите експерти кои што дисктураат на сесијата на Комитетот за светско наследство-рече Заев,што се коси со изјави кои го слушнавме вчера.
Приоротените препораките кои произлегоа од мониторинг мисијата од април 2019-та во период од две години не успеаа да се имплементираат,што го доведе регионот во потенцијална опасност да биде ставен на списокот на светско наследство во опасност.И покрај напорите многу од препораките на Комитетот кои датираат од 2017-та не се имплементирани ,некои само делумно а некои не се ни почнати – изјави претставникот на Унеско.
Градончаникот на Охрид рече дека по завршување на летната сезона ќе продолжеле до рушење на дивогрдбите,тој одговори што ќе се случи ако Охрид сепак заврши на листата на загрозени подрачја?
Дококу се случи да биде регионот ставен на листата во опасност тоа ќе значи дека ќе ги дуплираме нашите напори, ќе ја интензивираме имплементацијата на препораките – изјави Константин Георгиески-градоначалник на Охрид.
Влегувањето во списокот на загрозено наследство не е „казна“, иако може да се сфати како „срам“, рекоа од агенцијата на ООН на 44-та сесија на Комитетот за светско наследство,што се одржува во Кина.
Росица Голабоска