Жешка дебата во Собранието – ВМРО-ДПМНЕ обвинува власта за партизација на Уставниот суд

Жешка дебата во Собранието – ВМРО-ДПМНЕ обвинува власта за партизација на Уставниот суд

Владејчките партии продолжуваат да го полнат Уставниот суд со партиски кадри наместо со истакнати правници – мнозинството со еден, ВМРО-ДПМНЕ со тројца кандидати за нов судија во Уставен. Власта наместо да учи од грешките, ги повторува и не сака да седне на маса со опозицијата за да постигнат консензус за предлогот за нов член во Уставниот суд, што ќе биде биде чекор кон поробрување на состојбата во правосудството, критикуваат опозициските пратеници.

  • Импозантна биографија има вашиот предлог, но она што вие заборавивте да го споменете е тоа дека овој кандидат од 2005 до 2009 бил член на Советот на Град Скопје и како што сум информирана во моментов е член на УО на Фондот за здраствено осигурување. Можеби оној услов дека кандидатите не треба да имаат политичка припадност, можеби во овој случај е изоставено, но нејсе, подобро ваков истакнат професор да биде во Уставен, отколку Кацарска, Татјана Васиќ Бозаџиева. Се плашам дека и оваа кандидатка нема да може да се избори со политичките притисоци кои што де факто кој што следат на секој члкне во било кое судско тело“ рече Ели Панова.

На седницата не им беше овозможено на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги презентираат биографиите на нивните предлози, Родна Живковска и Саво Климовски од Правниот факултет при УКИМ и долгогодишниот судија и обвинител Тодор Витларов.. Прочитана беше само си – вито на професорката на правен, Јадранка Дабовиќ Анастасовска како предлог на власта.

  • Ја имате биографијата каде што може да видите за нејзиното профисионално работење, нејзиното издавање книги во делот на правото, стручни трудови.. Сето тоа е на увид на колегите со што може да се потврди  за видната биографија на професор др. Јадранка Дабовиќ Анастасовска“ рече Марија Георгиевска, претседателка на Комисијата за прашањата за изборите и именувањата.

Според пратеникот Милошоски ова е тенденциозно пополнување на Уставниот суд со правници кои ќе ги укинуваат, како што вели, законските норми и проекти, кои Вмро-дпмне ги планира за  граѓаните по преземањето на власта.

  • Сегашната лежерност на Уставниот суд за сите закони донесени под европско знаменце, а знаеме дека таа процедура воопшто не ниту законита ниту уставна, не би лпредмет на разгледување од Уставниот суд. Очекувајте дека после промената на власта во 2024 година Уставниот суд во ваквиот состав, каде што се гледа дека членовите се изразено дури и експлицитно, приврзани кон СДСМ и ДУИ, ќе преземаат мерки за девалвирањењ на законски норми и проекти на ВМРО-ДПМНЕ“ рече Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ повтори дека владејчкото мнозинство не може да смогне сили за да се викнат сите кандидати во Собранието, сами да се претстават пред пратениците, за  јавноста да има подобра слика кои членови влегуваат во Уставниот суд.

Новиот член на уставен, ќе го поплни местото на судијата ован Јосифовски на кого му истече мандатот лани во јануари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста