Зеленски ќе претседава со самит во Тирана

Зеленски ќе претседава со самит во Тирана

Володимир Зеленски првпат е во посета на балканот од почетокот на руската инвазија, при што ќе копретседава со самит со албанската влада, кој ќе има за цел да ги охрабри земјите од југоисточна Европа да ја зголемат својата поддршка за Украина.

Агендата на самитот не е позната, ниту е јасно што ќе се постигне со него. И Албанија, која е членка на нато, не даде детали. зеленски доцна синиќа ненајавено пристигна во тирана, на враќање од Саудиска Арабија, каде што разговараше за мировен план и за враќање на воените затвореници од русија.

На украинската војска ѝ е неопходна нова воена помош, што се одразува и на фронтот, па по нејзиното повлекување од авдиивка, руските сили продолжија да напредуваат на овој дел од фронтот и зазедоа уште три околни села.

Се очекува 13 држави од југоиточна европа да присуствуваат на самитот, од кои некои се соседи на украина, како и функционери од европската унија. македонија ќе ја претставува претседателот стево пендаровски, соопштија од неговиот кабинет.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста