Стоп за прекумерна урбанизација и загадување на Охридското Езеро

Стоп за прекумерна урбанизација и загадување на Охридското Езеро

Стоп за прекумерната урбанизација на крајбрежјето и загадување на Охридското езеро со отпадни води-доколку под итно не се превземат мерки, за помалку од една деценија ќе нема спас за едно од 12-те најстари езера во светот,а тоа е Охридското,алармираат врвни домашни и странски природонаучници.

 Големата урбанизација, значи тоа е еден од клучните проблеми на Охридското езеро и недостатокот на правилен менаџмент на отпадните води дали се тоа комунални или индустриски. Значи ако продолжиме со вакво темпо на загрозување на езерото, некои проценки се дека за 10-тина години би можеле да очекуваме постепено исчезнување на одредени видови –вели проф. Златко Левков-Природно математички факултет, Скопје

Со исчезнувањето на ендемичните растителни и животински видови, состојбата на Охридското езеро ќе стане драматична.Негрижата на државата со децении наназад е недозвлива и погубна за овој значаен екосистем.

 Државата треба да има јасна визија и јаснo поставени граници кои не смеат да се преминат зошто тоа ќе доведе до  уништување на Охридското езеро, живиот свет во него и целата околина-вели проф. Марија Глигора Удовиќ – Природно-математички факултет,Загреб

Стареењето на езерата е природен прцес,но несовесно однесување на човекот и запоставеноста на државата ќе го докрајчат едно од најзачајните екосистеми во светски рамки.

 Секое природно езеро поминува низ сукцесивен процес и секое езеро во одреден период ќе се претвори во ливада.Тоа е тешко да се прифати,но човекот го забрзува тој процес.Од друга страна секоја држава треба да ги заштити своите водни екоситеми кои се значаен извор за целата човечка популација – вели проф.Јелена Кризманиќ, Биолошки факултет-Белград

За да не садиме пиперки, намето да пливаме во езерото, двете држави и Македонија и Албанија мора да соработуваат со научниците и сериозно да ги сфати препораките на Унеско и да се спротивстават на секоја сулуда идеја како онаа за организирање на трка со формули на вода на Охридското езери,укажуваат нашите соговорници.  

Новинар Росица Голабоска 

Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )