Силјановска го доби уверението од ДИК дека е избрана за претседател

Силјановска го доби уверението од ДИК дека е избрана за претседател

Гордана Силјаноска Давкова официјално стана првата жена претседател на Македонија. На денот на нејзиниот роденден, Државната изборна комисија и го издаде Уверението за избран претседател согласно резултатите од вториот круг на претседателските избори кои се одржаа на 8- ми мај. Универзитетската професорка, според конечните резултати го победи Стево Пендаровски со над 300 илјади гласови . Уверението на Сиљановска Давкова ѝ го врачи претседателот на ДИК Александар Даштевски и во име на Комисијата ѝ посака успешен мандат. За изборните резултати за Претседател до ДИК немаше поднесено приговори

Државната изборна комисија утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, вкупниот број на избирачи кои гласале бил 861.218, вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња 953.121, вкупниот број на важечки ливчиња 812.899, вкупниот број на неважечки ливчиња 48.289 а процентот на избирачи кои гласале е 47.47%, соопшти Александар Даштевски претседател на Државна изборна комисија

 Откако Државната изборна комисија достави извештај до Собранието, Парламентот ја закажа седницата за инаугурацијата.  Силјаноска Давкова ќе даде заклетва пред стариот парламентарен состав утре напладне по што започнува да тече нејзиниот мандат , а утре истекува и мандатот на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Инаку, Гордана Силјановска-Давкова се вселува во Вила Водно како шести претседател на Македонија, а  со тоа Македонија стана седма европска држава со жена претседател.   Главните ветувања на универзитетската професорка за време на кампањата беа дека  ќе ја врати почитта на позицијата претседател на државата, а за разлика од досегашниот Пендаровски одлуките ќе ги носи со државен консензус. Најави и дека ќе биде коректор на централната власт и нејзин критичар доколку тоа е потребно и претседателска на сите граѓани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )