Здравството го допре дното – лекари од Прилеп и Битола се скараа кој да стави обичен кататер

Здравството го допре дното – лекари од Прилеп и Битола се скараа кој да стави обичен кататер


Deprecated: Implicit conversion from float 1714292289.138376 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Пациент од Битола бил пратен во Прилеп за да му биде ставен катетер. Ваквиот чекор на битолските доктори е причина за остра реакција од страна на нивните колеги во Прилеп. Во специјалистичкиот извештај, докторот и се обраќа и на директорката на Клиничката болница „Битола“ и ѝ посочува дека крајно време е да преземе мерки. Во извештајот чија фотографија ја доби Алфа во делот за препорака за упатство за понатамошно лекување, прилипскиот доктор напишал: За срамота, при 10 хирурзи во клиничката болница Битола, се праќа пациент во Прилеп за поставување на катетер со ретенција. Крајно време е директорот да си превземе мерки и повеќе да не се случуваат вакви работи. Здравството во Битола, го допре дното.

Директорката на битолската клиника одговор за ваквиот скандал, испрати преку својот тим за односи со јавност, најпрво кажа дека не е запознаена, а откако ја видела фотографијата од извештајот, потврди дека лицето било испратено во Прилип и било во специфична состојба.

Причината поради која беше пратен при Општа болница Прилеп е да истиот биде понатаму прегледан и третиран од доктор специјалист уролог, со цел да се спречи понатамошна компликација на неговата специфична состојба, која може да биде и живото-загрозувачка“, вели Ивона Трифунов – лице за односи со јавност при ЈЗУ Клиничка болница Битола.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 127