Николоски: Расипничката влада ги уништува граѓаните, ги покачува сметките, а од друга страна набавува 45 возила на заминување и троши 1 милион и 500 илјади евра

Николоски: Расипничката влада ги уништува граѓаните, ги покачува сметките, а од друга страна набавува 45 возила на заминување и троши 1 милион и 500 илјади евра


Deprecated: Implicit conversion from float 1714253491.009615 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на Василево одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар за набавката на 45 возила на службата за општи и заеднички работи истакна дека се работи за масовна пљачка и криминал на владата во заминување но и предупреди да внимаваат сите оние кои потпишуваат и се вплеткани во коруптивните шеми бидејќи ќе сносат одговорност.

„Се работи за една масовна од една страна пљачка од друга страна расипништво, мислам дека последно што им треба во моментот на институциите во Македонија се нови возила за луѓе кои што и онака ќе си заминат од власт за два месеци а после тоа ќе користат друг тип на возила кои што се генерално насочени кон казнено поправни установи во државава а не службени возила. Така што се работи за едно расипништво се работи за криминал не се само овие 45 возила кои што ги набавува владата исто така да ја потсетам јавноста дека електрани на Македонија, ЕЛЕМ во услови кога во Македонија струјата е екстремно скапа набави возила во вредност од милион и пол евра така што од една страна да им ги кревате сметките за струја на граѓаните за два пати некаде и до три пати, а од друга страна за милион и пол евра да набавувате возила само говори за какви бандити се работи. Сакам да ги предупредам и оние таканаречени економски оператори или фирми кои што ги добиваат овие тендери пет пати да отворат очи пред да ги потпишат и десет пати да отворат очи пред да го дадат процентот кој што им го бараат раководителите од државните институции конкретно во случајот од ЕЛЕМ или од владата затоа што за се имаме сознанија и за се ќе има одговорност и нема да одговараат само носителите на јавни функции туку ќе одговараат и управителите и сопствениците на фирми кои што влегуваат во вакви коруптивни шеми“, нагласи Николоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 127