Заводот за кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан” и натаму чека да се спои со ”Свети Еразмо”

Заводот за кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан” и натаму чека да се спои со ”Свети Еразмо”

И по цели осум години нема ништо од преселување на Заводот за кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан” во новиот оддел на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија,”Свети Еразмо”. Целта на идејата која што е актуелна од 2014-та беше со спојување на овие две врвни установи,во Охрид да се направи еден регионален центар на Балканот. Планот предвидуваше целиот болнички комплекс, да биде пуштен во употреба најдоцна до 2017-та година,но тоа не се случи. Поранешниот министерот за здравство Венко Филипче,уверуваше дека проектот ќе се реализира до средината на 2020-та.

Венко Филипче-мин за здравство ( 22.06 2019): “За време на изведбата се изнудува потреба за некаква промена, заради тоа што сакаме да обезбедиме пофукцинален објект и тоа сега се прави.Рокот е крајот на летото за завршување, значи месец септември”

Четири години подоцна, сега актуелната Марија Манолева, заменик министер за здравство немала точна информација кога во  „Св. Еразмо“ ќе се пресели Заводот за кардиоваскуларни заболувања и во каква состојба е изградениот објект воопшто ? Прашање е и дали е функционална своевремено набавената најсовремена апаратура наменета да ја користат двете здравствени установи,бидејќи истите никогаш не беа пуштени во употреба?

 Надзорот треба да каже дали треба нешто да се поправи или не, ни сето тоа ќе причекаме да го каже надзорот.Последната гарнитура во министерството презеде сериозни чекори во однос на капиталните објекти кои беа планирани па застанати како Клиничката болница во Штип, болницата во Кичево и еве овој објект ‘Свети Еразмо’ во Охрид. Се надевам во близок период ќе има точна разрешница и точно ќе можеме да знаеме што понатака со сите тие објект“-вели Марија Манолева,заменик министер за здравство

Ние стоиме зад она што е планска цел на ова институција,развој на нови дијагонстички и тераписки процедури,за тоа ни се потребни просторни капацитети.Меѓутоа секако не се откажуваме од онаа планска цел за развој на регионален центар”-вели д-р Елена Коваческа Башуроска,директор на Кариолошки центар Свети Стефан

Кардиолошкиот центар третира пациенти со најтешки срцеви заболувања,нас ни се потребни просторните капацитите но и нов апарат за ангиографија бидејќи годишно изведуваме над 2500 интервенти процедури. Години нананзад вели Башуроска,се случуваше во неколку наврати поради дефект на апаратот, пациентите да ги препраќаме во Скопје. 

Росица Голабоска 

https://youtu.be/DphGVgZbfDU
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста