Загрижувачки корона статистки – надлежните без одговор, допрва ќе анализираат

Бројките на смртни случаи од Ковид19 во земјава уриваат рекорди.Најзагрижувачки е што ‘се повеќе млади луѓе до 30 години – ја губат битката со болеста. Дали состојбата е излезена од контрола или станува збор за грешки во терапијата, ненавременто носење во болница и проблеми со респираторните апарати се прашања кои остануваат без одговор. Од министерството за здравство допрва ќе прават анализи .
“Има поголем број и на дијагностицирани млади лица до 30 години но и на смртни случаи. Во однос на смртноста ги правиме овие анализи заради тоа што се специфични случаи.Се консултираат директорите на институциите и помеѓу себе и останатите експерти.” – вели Венко Филипче, министер за здравство.
Пулмологот д-р Ангелко Ѓорчев за Алфа вели дека ковид состојбата одамна е излезена од контрола и тоа се должело на погрешната стратегија на надлежните но и недостатокот на стручен кадар.
“Дали ние имаме доволно стручен кадар односно анестезиолози? Тое е една многу тешка и напорна професија. Јас не сум сигурен дека имаме доволно стручни лица во таа област.Можеби тука треба да се бара причината за големата смртност во Македонија.” – вели за Алфа проф. доктор Ангелко Ѓорчев,специјалист по пулмологија и алергологија.
Според доктор Ѓорчев, потребни се и кадровски промени за да има подобри решенија.
“Не сум убеден, дека ние ги имаме вистинските кадровски решенија во овој момент и во комисијата за заразни болести и во МЗ. Затоа се потребни промени.”- вели проф. доктор Ангелко Ѓорчев.
Од почетокот на епидемијата досега, односно за осум месеци Македонија брои 705 починати од коронавирусот.
Ања Василева