Заев вршел притисок врз вработена во транспорт и врски да потпише допис дека имало штета по буџетот за комплексот „Сончев град“

Немаше штета по буџетот на Република Македонија со раскинување на договорот помеѓу Министерството за транспорт и врски и фирмата „Син Сити“ рече Анета Јорданова, сведок на одбраната во случајот „Топлик“, поврзан со продажбата на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште. Оваа реченица запишана во посебен допис за малку ќе ја чинела губење на работното место на Јорданова, па под закана од тогашниот министер за транспорт и врски Сугарески и премиерот Заев, била принудена да направи нов за да не остане без работа. Но вистината е дека штета врз буџетот немаше – тврдеше Јорданова денеска пред судот. Дали оваа нејзина вистина ќе ја промени судбината и текот на судењето во врска со „Сончев град“  во кој обвинети се ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица?  

Во предметот немаше повреда на постапката ниту дека е направена штета по буџетот на РМ. Добив порака од министерот Сугарески дека му се јавил премиерот за тој што го потишал првиот допис да биде избркан од работа, откри сведокот.

Ова се случувало која СЈО го презема предметот, и ги бара сите списи. Тогаш според сведоштвото на Јорданова, таа била повикана во владината зграда на средба на која присустувале обвинителот Бурим Рустеми и државниот правобранител Фахми Стафа. Од вториот ги добила заканите. На враќање кон работното ѝ се јавиле од Кабинетот на тогашниот министер Горан Сугарески и ѝ рекле дека од Владата побарале да се направи прецизирање на имотно-правно побарување.

Јорданова рече дека не се согласувала со тоа ама од страв за работата, потпишала нов допис.

Одбраната на обвинетите во случајот „Топлик“ денеска побара изземање на обвинителот Бурим Рустеми. Адвокатите сметаат дека Рустеми треба да биде изземен поради неговото тенденциозно однесување за време на постапката.

Судијата Осман Шабани ја советуваше одбраната да поднесе писмен поднесок за разрешување кое тој ќе го достави до Републичкиот јавен обвинител.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста