Времето ќе биде променливо облачно, со максимални температури од 11 до 16 степени

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Значителна промена се очекува од петок, кога ќе дува засилен северозападен ветер, а температурите значително ќе опаднат. Поради продор на многу студена и влажна воздушна маса, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

Advertisements