Мицкоски бара избори, Заев не сака изборно соочување до 2024

Мицкоски бара предвремени парламентарни избори Заев не сака изборно соочување.Премиерот смета дека изборите го стопираат развојот на државата и инвестициските процеси и ја забавуваат на нејзиниот пат кон евроинтеграциите. Лидерот на СДСМ е сос став дека изборите за нов парламентарен состав треба да се опдржат во редовниот термин во 2024 година.

 “Секое предвремено истрчување на избори значи кочење на ваквите процеси, затоа редовните избори се во 2024 година и треба да опстоиме на тоа. До тогаш треба сите, ама буквално сите почнувајќи од мене, претседателот на државата, извршната власт, општините, но и сите наши граѓани да ги засукаме ракавите и да работиме. Само така ќе имаме поголеми плати, поголеми инвестиции, поголем извоз и само така ќе донесеме поголема среќа за целиот наш народ”, вели Заев.

Сепак Заев при посетата на Гевгелија не се осврна на најавите на Мицкоски од вчера дека е можно наскоро да се формира ново парламентарно мнозинство со од шест до седум пратеници од власта. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ гласањето за интерпелацијата на вицепремиерот за евроинтеграции Димитров бил последниот доказ за тоа дека пратениците од власта му откажуваат послушност на Заев.

“Она што се покажа на интерпелацијата на Димитров е дека Заев ја нема довербата од 62 пратеника. Што значи, ако денеска би се гласала доверба на Владата, тој нема да помине, затоа што ќе има само 55 пратеника. Да не тие шест или седум пратеника гласаат друго парламентарно мнозинство или друга влада набргу од денес”, рече Мицкоски.

Моментално владеачкото мнозинство на СДСМ и коалициските партнери, БЕСА и ДУИ брои 62 пратеници.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста