Заев ја најави руската вакцина „Спутник“, руската амбасада нема таква информација

Македонија ќе ја добие и руската вакцина “Спутник”. Можно било дури и да пристигне во земјава пред вакцините на Фајзер и Модерна – ова вчера го најави премиерот Заев.

„Руската вакцина „Спутник“ би можела да стигне во земјава пред „Модерна“ или „Фајзер“. – изјави Заев.

Во исто време, додека Заев зборуваше за вакцината Спутник, руското економско аташе во земјава, откри, дека  Македонија не одговорила на понудата за руската вакцина, иако била доставена до македонските здравствени власти уште есента.

“Министерот за здравство, Венко Филипче, не информираше дека лице за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александра Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство.На професорката Грозданова и беа дадени сите потребни податоци за контакт, исто така и беше испратено писмо од претставникот на Рускиот фонд за директни инвестиции, кое, за жал, остана без одговор – рече Владимир Хрисанфов, економски советник во амбасадата на Руската Федерација.

Додека цела Европа ги прави последните подготовки за вакцинација, која ќе стартува утре. Македонија останува изолирана. Надлежните не знаат кога ќе стигнат вакцините и колку, од Бугарија, од Грција или од другите механизми, како донација, како помош или како купени со наши пари.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста