Мицкоски до граѓаните: Зад параванот на гласање ништо не ви можат моќта е во ваши раце, тогаш е можноста за наплата за неправдите и промени

„Кога ќе дојдат избори имаат шанса граѓаните заедно со опозицијата да изберат Влада која што потоа ќе побара одговорност за овие кои што вака се однесувале без разлика дали доаѓале од СДСМ, ДУИ, БЕСА или другите коалициони партнери на Зоран Заев“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Што не е јасно“.

Мицкоски додаде дека во едно демократско општество единствен начин да се победи ова зло е со избори.

„Во меѓувреме ќе ги користиме сите алатки кои што демократски ни стојат на располагање да ги опструираме и да ги одбраниме правилните политики на овие погрешни политики“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека граѓаните не очекуваат Зоран Заев да направи нешто спектакулано добро за нив, бидејќи Зоран Заев откако е на власт само го понижува македонскиот народ.

„Потребно е масовно излегување и гласање позади параванот, никој ништо не ви може и тоа треба секој еден граѓанин да го знае. Колку и да ви се закануваат, колку и да ве уценуваат, колку и да се обидуваат да ве поткупат, сетете се на вашиот внук кој што сега не е со вас, туку е надвор разочаран, сетете се на вашиот сопруг кој што е земјоделец и чиј што род не е платен како што треба. Сетете се вие која што сте отишле да побарате здравствена нега во здравствениот систем и како сте поминале“, рече Мицкоски.

Мицкоски дополни дека сите овие ситуации се за жал реалност во Македонија поради Зоран Заев и неговата неспособна Влада, но тое може да се смени само преку избори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста