Заев го информирал Кастриот, ама не и македонската јавност – Што по бугарското вето?!

На што се засноваат оптимистичките најави на дел од политичарите дека Македонија во јануари ќе добие датум за преговори со ЕУ? Додека официјална Софија и по промената на владата ги повторува своите забетонирани позиции кон Македонија, контроверзниот пратеник на Беса, Кастриот Реџепи и првиот човек на дипломатијата Бујар Османи гаат надежи. Деновиве во пресрет на Самитот на ЕУ  пак, ниту збор од премиерот Заев и вицепремиерот за европски прашања Димитров, кој е макеоднскиот став во однос на бугарското прашање. Дел од познавачите критикуваат за лабави позиции на македонската надворешна политика, и наместо да подготват сериозни решенија консултирајќи се со експерти, власта користи методи „од ракав“.

Со пристапот „еве ние се договоривме“, каде се договорија? Нели Собранието е храм на демократијата? Каде е министерот да каже која е патната карта која сме ја платиле кон Бугарија на патот кон ЕУ? Бугарија имаше црвени линии декември 2018, на 10 окт 2019 јасно дефинириаа дека нема да дозволат Македонија да влезе во ЕУ додека не ги исполни нивните црвени линии, и до ден денеска, Бугарија се држи до своите, ние сме тие што молиме – изјави во емисијата „Што не е јасно“, поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев.

Реџепи вчера инфорираше за испратениот документ со одговори на барањата од Бугарија, па заклучи дека сме биле блиску до целта – источниот сосед да ја тргне блокадата. На неговиот став му се придружи и Османи, кој верува дека најдоцна до јануари ќе почнеме со преговори. Првиот вицепремиер Груби пак, дециден, одговорите до Бугарија биле во најконструктивна можна форма. За Ѓорчев, овие изјави се дневно политички.

Тоа го толкувам како дневна политика, не како стратегија, не како еден внимателно одбран потход со чувство на мерка кон Бугарија, со почит кон таа земја и со темелни одредници, што можеме, што не можеме да дозволиме, туку едноставно дневно политичка изјава  која што има за цел да обезбеди собраниско мнозинство и натамошно фунционирање на оваа власт – вели Ѓорчев.

Во меѓувреме, нема напредок во разговорите на македонските и бугарските историчари, двонеделниот состанок заврши без резултати, ама затоа специјалниот претставник Бучковски, во интервју за Софиски „Дневник“, изјави дека со Бугарија сме имале заедничка, а не споделена историја. Тој најави дека ќе се менуваат учебниците по историја, географија и литература, само за да се добие датум за преговори со ЕУ.

Адријана Алексиеска




КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста