Забави со стотици луѓе во струмички ноќен клуб сред корона!

Гужви, турканици, без заштитни маски и непочитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот, вака викендов изгледаше забавата на стотици луѓе на музика во живо, во струмичкиот клуб „Аватар“. Клубот работи и покрај забраната за работа на ноќните клубови, со настапи на познати музичари од земјава.

Зошто овој ноќен клуб е повластен и за него не важат законите? Алфа се обиде да дознае кој е сопственик на Ноќниот клуб. Во Струмица многу чаршиски муабети дека зад Аватар стои зет во семејството на екс премиерот Зоран Заев. Дали оваа информација е точна, побаравме одговор од менаџерот на Аватар Никола Тунев, но до почетокот на вестите, тој не се одважи да ни каже кој е сопственик на клубот, дали е член на семејството Заеви и зошто клубот не ги почитува мерките за заштита од корона вирусот?

Државниот пазарен инспекторат пак се правда дека бил немоќен да делува.

Четири инспектори од Скопје беа во петокот вечерта на лице место, а полицијата од страна ги гледала. Направен е записник а ќе биде поднесена и кривична пријава до судот. Нека ни дадат дозвола да можеме веднаш да ги затвораме лицата, ние тоа и ќе го правиме, меѓутоа мораме и ние да се придржуваме на законите.”за Алфа вели Стојко Пауновски – Директор на пазарен инспекторат.

Големото отворање на клубот се одржа на 11-ти јули, на кое се шпекулира дека имало 1,500 гости, од кои 300 од Скопје. Во време на пандемијата со корона, кога се забранети секакви веселби, свадби, веридби и родендени, „Аватар“ е единствениот ноќен клуб кој работи во Струмица. Освен него има уште еден ноќен клуб кој нема дозвола да работи.

Своите журки клубот ги најавува на социјалните мрежи, истакнувајќи дека поддржува македонска музика, но и со молба посетителите да ги почитуваат мерките за заштита. За вечерва е закажан уште еден настап на македонски бенд.

На 240 лица заболени од корона во земјава, ваквите непочитувања на мерките од ден во ден се повеќе го зголемуваат овој број.

Дијана Тасева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста