За Заев нема ништо спорно: Пекер имал полицаец за лично обезбедување, остварувал средби и со лица од власта

Турскиот нарко бос Седат Пекер во Македонија имал редовни средби со лица од власта. Тој во нашата држава живееше со лажен идентитет и име Џадим Адемовски. При својот престој тука, остварил средби со пратеникот од владејачкото мнозинство и коалиционен партнер на СДСМ, Енес Ибрахим, како и со бизнисменот Сефер Цаноски, чиј татко е исто така во коалиција со Заев. Пекер во Македонија си имал и свое лично обезбедување, а еден од нив и вработен полицаец во МВР. Премиерот не одговори на прашањето, дали можеби и тој имал средба со турскиот нарко бос. Потврди дека знаел за средби на неговите коалициони партнери со Пекер, но кажа дека за тоа не сме можеле да ги обвинуваме.

-Јас сум запознаен дури и кој од колегите од партнерите партии имале средба на негово барање, низ чаршијата, на други места. Апсолутно не може да каже никој дека некој има вина поради тоа, заради тоа што нормално кога некој ќе побара средба, некој да ја закаже средбата. Но, како што гледате институциите работат и го испорачаа резултат, изјави Заев.

Додека опозицијата директно обвинува дека лица од врвот на власта се поврзани со Пекер, споменувајќи ги имињата на Заев и Спасовски, премиерот го фали министерот за внатрешни работи. Вели одлично ја завршил акцијата, иако во моментов се осомничени само 10 лица вработени како обични полициски службеници во МВР, но не и некоја поголема фигура.

-Министерот Спасовски финишираше со една повеќемесечна истрага, соопштувајќи ја во јавноста. Истрага работена со меѓународни партнери и тоа е сериозно, заради зајакнатата наша соработка со меѓународната заедница како земја членка на НАТО, но и заради традиционалните добри соработки со меѓународните партнери. Во изминатиот период фатени се бегалци стотици на број, изјави Заев.  

Заев не одговори и дали власта знае каде се оние кои досега се објавени дека ги пасошите, за одговор не прати кај министерот за внатрешни работи Спасовски, кој на последниот прес беше и повеќе од штедлив на зборови, не откривајќи никакви детали. На социјалните мрежи беше објавено и видео на кое се тврди дека Седат Пекер низ Скопје се движи непречено со полициска придружба.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста