Скандал со тајни владини хонорари- Владата ги крие имињата, ќе реагираат ли институциите?

Владата и понатаму ги крие идентитетите на таканаречените тајни хонорарци кои за само еден месец биле исплатени 37 000 евра. Со над 250 вработени во Генералниот секретаријат, лани во декември Владата ангажирала дополнително уште 58 луѓе, ама анонимни, обелодени Призма. Проценките за транспаретност на премиерот Заев и повеќето функционери паѓаат во вода откако БИРН преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер ги добила сите фактури што биле исплатени преку авторската агенција „Артпицк“ за декември минатата година. И покрај сите декларирани заложби за транспарентност, Владата инсистирала тие да останат анонимни. Овој случај ја разгневи јавноста во која циркулираат неодоговорени прашањата зошто во Ковид криза Власта плаќала надворешни лица за дизајнери, монтажери, советници за геодезија и истите да бидат анонимни.Од Владата се правдаат со тоа дека ангажираните биле хонорарци а не во постојан работен однос.

Заштитувајќи ја „приватноста“ Владата под контото што се води како „други договорни услуги“  во декември 2020 исплатила 58 фактури. Се чини дека оваа ставка е широко сметководствено покритие за под тој назив да се исплаќаат хонорари за разни услуги – пишува Призма. Потврда за тоа е што во 2019 и  2020 година, преку ова конто се исплатени над еден милион евра. Хонорарите се движеле помеѓу 30 и 70 илјади денари.

Темата големиот број ангажирани, пак, во пи-ар тимовите на Владата се актуелизира уште во првиот мандат на СДСМ од 2017 година. Оваа пракса е непроменета. Во Генералниот секретаријат на Владата има Сектор за односи со јавноста со четири одделенија и 17 вработени. Во кабинетот на премиерт работат уште неколкумина, а во секторите за медиуми вкупно 20тина. Сепак, Владата и во овој сектор, во декември ангажирала дополнителни 24 лица.

Од антикорупциска за случајот за сега не коментираат ништо, се додека не соберат доволно информации по што ќе знаат дали треба да се отвори предмет за таканаречените тајни хонорарци.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста