За пет дена почнува редовниот откуп на тутунот, тутунарите и понатаму во неизвесност околу висината на откупните цени

За пет дена почнува редовниот откуп на тутунот, тутунарите и понатаму во неизвесност околу висината на откупните цени

        Борбата на тутунарите за висината на цената за која годинава ќе им биде откупен макотрпниот труд, продолжува. На само пет дена пред крајниот законски рок за почеток на редовниот откуп, тутунарите ставени на игнор и од ресорното Министерство, и од откупувачите околу нивното барање заеднички да ја дефинираат откупната цена.

   „За 300 денари, тутунот не сакаме да го даваме. Не можеме да ги покриеме трошоците. Над 400 треба да биде оти народов живее од тутун. Овде гледам младите бегаат, бараат живот, оти ние сме млади и сакаме да бидеме овде. А сето е оскапено и не ни се покриваат ни трошоците“, – ни рече Абдул Алиоски, млад тутунопроизводител од с. Канатларци.

  „Тутунот за 300 денари не го давмаме, ќе го чуваме за другата година, ама за 300 денари – не. 300 денари не не покриваат, 400-450 да биде. Даваме 4 5 тони секоја година, наводнуваме, имаме избушено бунари, трошок имаме, бензин потрошено, нафта. Мора да се поткрене тутунот. Ако не се поткрене, нема четвртина народ да предаде тутун“, – Али Алиоски, тутунопроизводител.

   И додека македонските тутунари, притиснати од роковите, но и од актуелните прениски откупни цени периодов не знаат кој крај да го фатат, помош во конретен предлог пристигна од опозицијата.

   „Кога државата би влегла во целиов процес, конкретно преку ТК Прилеп кој што на неговите кооперанти ќе понуди повисоки цени, таа политика ќе ја следат и другите компании. Другите компании гледаат дека Министертвото, државата се трга на страна, не презема иницијатива да најде соодветно решение и нормално тие викаат дека не можеме да ја поткренеме цената. На пет дена пред откуп да немате став, да немате одговори на прашањата од тутунарите, да не понудите решение, е крајно несриозно“, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

   Инаку, годинава родот е со добар квалитет, но е преполовен и ќе тежи едвај 12-13 милиони килограми тутун, наспроти очекуваните 26 милиони. Тутунарите бараат актуелната откупна цена со анекс на договорите да се зголеми од 5 на 10 евра за килограм. Респрниот министер пак, се пофали дека годинава цената ќе достигнела до 400 денари, кои за тутунарите се неприфатливи. Според Законот, откупот треба да започне на 15-ти декември.

 Каролина Дурло  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста