Ковачки: Системот „Безбеден Град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања

Ковачки: Системот „Безбеден Град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања

Имало ли сериозен пропуст во истрагата на МВР, а чија последица било киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања, министерот Оливер Спасовски да излезе и да даде одговори на сите прашања повикува ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија тврди дека украдениот „Цитроен“ од Панче Жежовски бил регистриран во системот на камери на „Сејфт сити“, наспроти она што го кажа Спасовски на прес-конференција дека колата на убиениот велешанец не се движела.  

  • Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис? Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден Град“ на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот?“ вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки тврди дека камерите на „Безбеден град“ на скопските крстосници го снимиле украдениот „Цитроен“ и на 27-ми ноември кога Вања Ѓорчевски беше киднапирана од нејзиниот дом.

  • Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис? Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден Град“ на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот?“ прашува Ковачки.

Ковачки обвинува дека имало и низа на пропусти во истрагата пред и после настаните, а Палевски и неговата група пред 7 месеци биле откриени како диво копаат артефакти и поседувале нелегано оружје и за истото не биле санкционирани.

Од МВР нема официјален став по однос на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, а владејачката партија го обвинува пратеникот дека ширел дизинформации.
Портпаролот на СДСМ Каевски вели дека станувало збор за очигледи обиди за маниупалација, поткопување на истрагата и  потреба за злоупотреба случајот со смртта на Вања  поради наводни средби во минатото на претседателот на партијата Мицкоски со Палески.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста