Вучиќ: Благодарност до Унгарија што недвосмислено не поддржува во еворпските интеграции

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во посета на Белград. Тој на прес-конференцијата по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека Унгарија затоа недвосмислено ја поддржува Србија на нејзиниот пат кон ЕУ, бидејќи „без силата на Србија и Западен Балкан, Унгарија нема да биде безбедна“.

Орбан дециден –  клучот за стабилноста на регионот е Србија и дека без нејзиното членство во Европската унија, другите земји од Западен Балкан нема да го постигнат тоа, а тоа треба да го разберат во Брисел.

Можете да сметате на Унгарија. Унгарија смета на Србија. Ja разбирам Србија и мислам дека треба да биде примена во ЕУ затоа што е централна земја на Западен Балкан, без чиј прием во ЕУ таму нема да има прием за другите. Србија е клучна земја “ – рече Орбан.

Според, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, односите со Унгарија се апсолутно најдобри во историјата и дека таа земја недвосмислено стави до знаење дека Србија мора да влезе во Европската унија што е можно поскоро.

Многумина велат дека го поддржуваат пристапувањето на Србија во ЕУ, но малку земји го прават тоа храбро и отворено, дури и кога страдаат од критики поради тоа, како и вие, рече Вучиќ по средбата со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

За неколку години, успеавме драстично да ја зголемиме трговијата и економската размена, за нас, како мала земја, тоа е поважно отколку за самата Унгарија вели ВУЧИЌ. Во 2020 година размената беше скоро две милијарди евра, а во првите пет месеци се зголеми за 23,4 проценти, а годинава очекуваме повеќе од две милијарди, посочи српскиот претседател.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста