Време е културата да излезе од канџите на политиката бараат културните работници

Со протестен марш, кој го организираше иницијативата „Фис-култура или култура“, културните работници го искажаа своето незадоволство од како што велат мешањето на политиката во културата. Едно од главните барања на иницијативата е  разрешување на професорот по физичко Васил Бубев кој  директор на струмичкиот културен центар „Антон Панов“.

Случајот Струмица“, односно „Случајот НУ Центар за култура Антон Панов“ не и’ доликува на македонската култура, уште помалку на актуелниот македонски демократски миг бидејќи многу наликува на некои грди минати времиња на коишто не сакаме да се сеќаваме. Овој „случај“ веќе ги надмина локалните димензии и се претвори во – македонски случај. Немаме потреба од такво нешто. Воопшто. А културата – најмалку!За ваквиот развој на настаните вината не е кај нас. Зашто, едни од основните човекови права, запишани и во македонскиот Устав, се правото на култура и правото на работа. Зошто упорно некои сакаат да ги ускратуваат овие права, а во полза на некакви тесно партиски интереси?!“ , прашува Теодосиевски.

Подобри услови за работа и нови правила за избор на директори побараа од министерката Стефоска.

Нашата битка продолжува. Ние сме многу решителни и одлучни да ја истераме правдата на виделина и да го браниме професионализмот и јавниот интерес до крај. Ќе потенцирам дека започнавме и правна битка и поднесовме претставка до Државната агенција за спречување на корупцијата, а исто така како заинтересирана страна поднесовме и тужба до Судот. Се надеваме дека ќе дојде до брза разрешница затоа што нашата институција е блокирана и нема никакви можности да се одвива било каква културна дејност. Следно би било продолжувањето со протести и барањето повисоки правни инстанци“, ќе рече актерот Ванчо Василев.

Доколку власта нема слух за нивните барања, велат дека ќе продолжат со протести.  Освен во Скопје,се протестираше и во Охрид.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста