Борба против корупција и со”рецки” за вода и кафе

По речиси четири години власт,владата претстави план за борба против корупцијата.Заев и Николовски знаат дека порано имало режим во чие време парите на граѓаните се трошеле за партијата и тој треба да се демонтира. Сега пак немало недопирливи. Дури се знаело и колку кафе и вода пијат министрите. Ама се уште не се знае кој е виновен за случајот со Мијалков. Допрва ќе се утврдува.

“Дел од овие судски предмети завршуваат и овие денови, како што беше и минатиот петок изречувањето на казната за најзначајниот случај според мене. На крај е вториот по значење случај за изборите. Според доказите сум убедемн дека и тука пораката ќе се испрати да не му текне на никој повеќе да ги крши изборните процеси. Денеска граќаните знаат кој министер колку кафиња колку води нарачал” изјави заев.

Забелешките од Транспаренси на чија листа бевме дури 111, а се толкуваа како перцепција на граѓаните се имплементирани во планот 21. Иако како што вели премиерот секој имал право да си создаде слика за тоа дали постои ефикасна борба против корупцијата. Вицепремиерот задолжен за ова прашање вети дека наскоро ќе има и поголеми резултати во враќањето на парите кон граѓаните. Се украле милијарди, но како случај со епилог ја спомена само конфискацијата на имотот на Трансмет вреден околу 17 милиони евра.

“На база на сите слабости на системот коишто сме ги детектирале во рамки на институциите, дали управата за финансиско разузнавање дали управата за финансиска полиција, сегментот на обвинителствата, на истражните центри, на сите овие институции коишто прво треба да ги поврземе преку системот на интероперабилноста, да разменуваат информации и документи, да ги зајакнеме кадровски, но и да направиме се она што е возможно за да на крајот имаме со пресуди и конфискација на имот”, рече Николовски.

Приоритети на планот 21 кој го презентираа Заев и Николовски ќе бидат прочистување на правосудството и борбата против корупцијата. Ги содржи забелешките и на Граѓанската платформа против корупцијата, антикорупциската комисија, на регулатиорните тела, извештајот на ЕК и стратешкиот партнер САД. Ќе се дигитализира обвинителството за да нема веќе предмети во фиоки. И управата за водење на матични книги за изводи да се вадат он лајн. Вицепремиерто Николовски најави регистар на сопственици на фирми.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста