Тотенхем се збогува со Европа, Витесе „трие раце“

УЕФА одлучи, службен пораз за Тотенхем за неодиграниот меч со Рен на 9.декември во последното коло од Конференциската лига. За Премиерлигашот ова значи елиминација од третото по ранг клупско натпреварување во Европа, и целосен фокус кон предизвиците во домашните натпреварувања. „Петлите“ поради проблеми со коронавирусот пропуштија и три меча во Премиер лигата, но за истите ќе добијат нови термини. Со одлука на УЕФА за службен пораз на Тотенехм, профитираше Витесе оти скокна на второто место во групата, кое носи елиминациски двомеч со Рапид Виена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста