Водици во Охрид со ковид протоколи и полициски надзор

Древниот тропар ,,Во Јордание” кој се пее за големиот христијански празник Богојавление, одекнуваше низ калдрмисаните улички во стариод дел на Охрид.Иако годинава изостана организираното традиционално фрлање на Светиот крст во езерските водите,Центарот на православието, денеска блесна со исконска убавина.По завршувањето на светата божествена литургија во кругот на црквата Свети Никола Геракомија се изврши осветување на водите и симболично фрлање на крстот во мал котел.Честниот крст му донесе многу радост на варошанецот Никола Чорбески.

  • Овај ден претставува најубавиот ден за мене во целата година,ова е свет ден.Многу сум среќен што го фатив овај свет крст годинава малку на подруг начин но тоа е. – изјави Никола Чорбески.

Охриѓани буквално живеат за овој ден, бидејќи фрлањето на крстот е традиција која ја негуваат од памтивек.

  • Сметам дека требаше да се организира како што си се организираше и други години,бидејќи имаше повеќе луѓе денеска пред црквава.И лански години имаше доста луѓе, ама имаше и денес што значи ништо нема да сменеше та таму,та на пристаниште да се фрла крстот. – рече Кирил Чорбески.
  • Оваа година беше една од најтешките и најразличните години но сепак ние требаше да останеме доследни на традицијата достојно да си ја обележиме,согласно протоклите. – кажа Петар Рупески.

Сепак не изостана симболичното капењево водите кое значи духовно раѓање. Најважно е велат охриѓани да не се прекинува традицијата.

  • Охрид си го правел тоа во многу полоши времиња и овие, ќе го преживееме и овај лошотилак.Здрави живи догодина ќе си го правиме како што си е редот.Сега прво одиме на топла ракија, на пача,ќе се поднапијаме малку ќе прославиме. – изјави Кире Нанче.
  • Се наоѓаме во еден момент каде што треба да сме емпатични и да бидеме сите свесни дека пандемијата однесе и многу животи, така да во еден дух на христијанството да направиме само со молитва, тивко, во мир за убаво за арно. – изјави Михајло Филев.

Црквите беа претесни за веениците кои доаѓаа да запалат свеќа.Свештените лица споделуваат колку беше тешко да се огранизира одбележувањето на овој голем празик, а тоа да биде на еден достоиствен начин.

  • Еден од светите отци вели едното прави го и другото не заборавај го.Ние се најдовме во таква позиција што се разбира како поддржувачи на сето она што треба да се запази во сиот ред во однос на држење на растојание носење на маски и сл. а истовремено да не изостанат богосолужбите на овој голем ден. – кажа отец Ључо Санџакоски.

Покрај вениците, во цркивите беше забележително присуството на полицијата, а беа запишувани сите што се капеа во осветените езерски води.

Иако и во соседна Струга вриеше од полиција, таму традиционално од чаршискиот мост,врзан за коноп крстот се фрлаше во реката Дрим.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста