Во Охрид поставен црвен тепих на хуманоста

Низ Балканскиот Ерусалим утринава не одекна гласот на дечињата кои низ годините во литија, пеејќи ја коледарската песна , го најавуваа Христовото раѓање. Поради пандемијата,бадниковата поворка изостана,но тоа не ја намали радоста кај дечињата кои долго се подготвуваа. Сеејќи љубов, утеха и надеж,неуморни и гордо исправени пред предизвикот и тие заедно со возрасните,пакуваа хуманитарни пакети кои им се доделува на сите оние семејства кои немаат достоинствени услови за живот.

Јас сум Теофнија од Охрид и секоја година учествувам во поворката, но за жал оваа година нема поворка и радосната вест ја искажуваме со хуманитарна акција во која и вие можете да учествувате. Среќни  празници, Христос се роди.

Ја сум Ана од Охрид и оваа година се потрудивме да донесеме радост во фамилиите кои имаат помалку сретства со пакување на пакети со хемиски сретства, храна и се потрудивме да ги израдуваме луѓето со помалку приходи – велат граѓаните.

Околу 750 семејства од Охрид секојденевно се борат да ги нахранат гладните усти на своите најмили и да ја сочуваат радоста на живеењето. Годинава пред Божиќната пештера на гратскиот плоштад  беше послан црвен тепих, на хуманоста.

Еве втора година по ред бадниковата поворка на еден поинаков начин му носи радост на градот.Поради пандемијата за разлика од претходните години каде што стотици дечиња дефилираа на улиците на Охрид и ја пее вечниот Бог, оваа година решивме да го одбележиме овој ден со црвен тепих на хуманоста – изјави Летка Филипова – организационен одбор.

И нашите сограѓани кои спаѓаат во најранливите категории заслужуваатнајрадосниот христијански празник Божиќ, да го поминат со скромна трпеза која барем за миг ќе им помогне да заборават на немаштијата-вели Филипова.Во проготвување на хуманитарните пакети учествуваше и градоначалникот.Свеста ,вели Пецаков кај сите нас, треба да е на повисоко ниво.

Без тоа никако, а подигнувањето на свеста исклучиво се прави со личен пример, акции и работи кои што вистински допринесуваат за нивен подобар живот. Во иднина не треба да чекаме само посебен ден и поврзан со некаков празник туку реално треба да помага секој, секогаш кога ќе може – изјави градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Инаку, пред повеќе од две децении во Охрид, Христовото раѓање се празнувало со литии, но традицијата згаснала.Од организациониот одбор горди,потсетуваат  дека пред 9 години за прв пат направија обид и успеаја да ја возобноватавтентичната изворна православна традиција.

Росица Голабоска

https://youtu.be/Ht-jaLiUKOE
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста