Во државните болници нема место

Здравствениот систем е пред колапс. Ветувањата дека за сите болни има место во државните болници, паднаа во вода. Доказ за тоа е лекувањето на 54годишниот штипјанец Ристе Донев, за кој од вчера низ Штип се поставени пунктови за собирање на парични средства за лекување од Ковид-19. Донев шест дена се лекувал во штипската болница, но откако здравствената состојба значително му се влошила, требало да биде хоспитализиран во Скопје. И дебелите врски кое ги фатило семејството не дале резултат. Единствено решение за да го спасат, им било да го хоспитализираат во приватна клиника

   „За лекуваање на државно, пробавме секаде, па дури и преку министерот Филипче. Единствено место имаше во Козле, меѓутоа таму ми рекоа дека е за полесни пациенти и ништо не успеавме да направиме на државно и покренамае иницијатива за хоспитализирање во приватна клиника„-изјави неговиот син Михаило Донев. 

Донев и неговата сопруга се текстилни работници. За лекување се потребни над 12.000евра, но само за првите десет дена .  Семејството нема доволно средства , па затоа неговиот син  на социјалните мрежи упати апел до сите хумани луѓе да им помогнат во оваа тешка битка. Се поставија пунктови на неколку локации во градот. КОга државата не може, тогаш можат граѓаните.  Дел од средствата  кои се потребни за да се спаси животот на овој 54годишен маж се веќе обезбедени. Кога пробале да направат сметка за донации биле изненадени од апсурдниот одговор што го добил во една од банките..

 „ Ми барат  и негов потпис за полномошно, а он не може. Им објаснив дека тој секој момент може да биде ставен на респиратор и не може. Тие ми велат, не мора тој да те овласте , затоа што е над 18години. Има 53годни„- вели неговиот син Михаил Донев.

Состојбата во Источниот регион станува се поаларматна. Капацитетите и во двата ковид центри во КОчани и Штип се речиси полни.За да се обезбадат дополнителни кревети се прават реаорганизација на одделенијата. Во Штип пациенти со полесна клиничка слика ќе се хоспитализираат на кожно, а во КОчани на  одделението за физикална терапија

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста