ВМРО-ДПМНЕ: Таму кај што мафијата е власт и ја води државата кон дното, таму одговорот е народот

Мафијата на власт на чело со Заев ја уништува Македонија. Секој ден државата тоне и доживува нови порази. Македонија бележи пад за 5 места на листата за водење на бизнис во извештајот на Европската комора  и се наоѓа на самото дно на 36-то место, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во месец август индустриското производство е  помало за 10%, а бројот на вработени е помал за 5%. За неколку месеци ја задолжија државата за нова милијарда евра долг, а за истиот период над 40 илјади лица ги изгубија своите работни места. Падот на економијата во вториот квартал изнесува 12,7%, што е еден од најголемите падови на економија во Европа.

Од досегашните пакети на мерки за поддршка на економијата немаат реализирано ниту третина, освен делот кој го потрошија за предизборен поткуп, затоа што мерките на мафијашката власт беа лошо проектирани.

Нивните проекции се само како повеќе да украдат на сметка на стандардот на граѓаните и економијата. Наместо пари за набавка на компјутери за учениците, тие парите ги трошат на кондоми, лубриканти, набавки на возила и кафиња, па уште без срам велат дека пари лап топи ќе обезбеделе дури после април.

Криминалот стана заштитен знак за оваа власт. Дури и тие кои се задолжени за справување со криминал се фатени со рацете во медот. Државниот ревизор утврдил незаконско трошење на 4,6 милиони евра од страна на специјалното обвинителство, ама никој не покренува обвинение за нив, оти им користат за политичка пресметка и монтирање на случаи против сите оние кои размислуваат поинаку од Заев и мафијата на власт.

Таму кај што мафијата е власт, а обвинителството нејзина продолжена рака, таму народот мора да се бори на сите можни демократски начини против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести