ВМРО-ДПМНЕ со нови докази дека параполициски структури, наместо во име на законот, делувале во име на СДСМ

“Црн список на возила за отсранување”, “измислете прекршок, тргнете го”,” барајте му лекарско”, “до вечер список од акцијата глас плус важи за сите”, се дел од пораките кои биле испраќани помеѓу полицајците од вибер групата која ја откри ВМРО-ДПМНЕ. Членот на Извршниот комитет на партијата Драган Ковачки објави нова конверзација на 40-те полицајци кои како што вели вршеле брутална злоупотреба, а освен раководството и командирите на Прилепската полиција, во нејзе учествувале и лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски.

Според Ковачки групата правела списоци на автомобили кои морале да бидат отстранети од сообраќај, организирала физичко следење на неистомисленици, правеле списоци за гласање за СДСМ.

Опозицијата втор ден по ред објавува фотографии од пораки кои циркулирале меѓу полицајците, кои како што велат од партијата делувале какопараполиција на СДСМ, а нивната задача била да следи членови на ВМРО ДПМНЕ за потоа физички да ги малтретира и да им го ограничи нормалното движење, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од МВР втор ден по ред ги негираат обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ како невистинити.

„Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла невистините кои втор ден по ред ги шири партијата ВМРО-ДПМНЕ за наводно ‘координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе’, велат од МВР, стои во соопштението од МВР.

Од партијата го повикаа  ЈО веднаш да отвори случај против Оливер Спасовски, Зоран Заев и Љупчо Николовски, како одговорни во МВР и СДСМ за овие избори. Се огласија од Обвинителство –  велат доколку се утврдат елементи на сторени кривични дела ќе се постапи согласно законските надлежности.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста