ВМРО-ДПМНЕ со барање да се одложат локалните избори во Штип и Пласница

Опозицијата бара одложување на предвремените локални избори во Штип и Пласница. Поднесена е  иницијатива до преседателот на Собранието, Талат Џафери, кој распиша избори на 13декември. Бараат изборите да се пролонгират се до создавање на соодветни услови за нивно одржување..

 „Се надевам дека СДСМ нема да го ризикуваат здравјето на граѓаните, ќе се надминат себе си и ќе излезат од теснопартиските интереси и на преден план ќе го стават здравсјето на граѓаните„-изјави Иван Јорданов.

Организирањето на избори во вакви усови е вистински парадок, коментира Арбен Таравари од Алијансата за албанците.  До Владата предлагаат  да се донесе било каков амандман со кои би се продолжил мандатот на актуелните  в.д.градоначалници до редовните локални избори кои треба да се одржат во септември, наредната година, објаснува Таравари…

   „Кога имаме индикации дека наредната година би можеле да влеземе во рецесија и да нема пензии и плати, ние организираме предвремени избори за мандат од 10месеци. Ние организираме избори да ги ставиме нашите активисти во бројки на инфицирани со огромни шанси за инфекции и протоколи да има„ -изјави Арбен Таравари, Алијанса за албанците

 И граѓаните со став. Избори не би требало да се  се организираат  во време кога имаме и по педесет заболени на ден. Велат на гласање сакале-нејќеле луѓето пак ќе си се групират..

 „Во оваа ситуација не би требало да има избори. Видете колку заболени има. Луѓето се групираат и вирусот лесно ќе се шири „-коментираат штипјани.

Првите избори во време на корона беа организирани пред чњетири месеци . Заклучно со 19 јули  тогаш во државата имавме 9249 заболени и 432 починати, за разлилка од сега кога дневните биланси на новозаболени надминуваат и над илјада.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста