ВМРО-ДПМНЕ: Епидемијата на корупција однела 500 милиони долари – зошто никој не е во затвор и каде завршија парите?

ВМРО-ДПМНЕ: Епидемијата на корупција однела 500 милиони долари – зошто никој не е во затвор и каде завршија парите?

По критиките од американската амбасадорка, Анџела Агелер, која кажа дека во изминатите 32 години, САД издвоија 500 милиони долари за владење на правото во Македонија, а резултатот на тоа е епидемија на корупција во земјата, опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција.

„Власта на тандемот СДС и ДУИ е 7 години власт, министер за внатрешни работи 9 гoдини по ред е Оливер Спасовски, а има епидемија од корупција и довербата во судството сега е пониска од било кога порано. 500 милиони долари завршиле во Македонија за борба против корупцијата, криминалот и подобрување на владеењето на правото. Наместо подобрување, ефектот е зголемена корупција, Македонија тоне во криминал, а тој го прави врвот на власта. Ако 500 милиони долари се потрошиле за борба против корупцијата, а корупцијата цвета тогаш главните прашања се зошто никој не е во затвор и каде завршија парите?“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста