Влажни коловози и одрони низ Македонија, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од дожд има низ целата држава.

Од 10.11.2020 во 18.30 часот на патниот правец крак Маврово- Дебар се воведува забрана на движење за сите моторни возила.

Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г.п. Ќафасан (од бензиска пумпа ОКТА до влез во с.Радолишта) брзината е ограничена на 40км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста