Власта упорно турка попис и покрај граѓанските потписи против

Граѓаните собираат потписи против– Власта си тера попис. Во понеделник започнува попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.Од друга страна, опозициската ВМРО – ДПМНЕ предупредува дека се поголем број граѓани се против попишувањето за кое велат дека не било статистичка туку политичка операција.

Јас сум убеден дека до нзавршувањето на овој процес, бројката ќе оди над првично планираните 100 000 потписи, тоа беше нашата таргет цел, но јас мислам дека ќе оди на многу повеќе, очекувам над 150 000 граѓани да се потпишат против законот за попис, што мислам дека ќе е вовед во рушење на Владата, затоа што не е сеедно ако пратениците од Власта видат дека над 150 000 граѓани се потпишале за овој закон и ќе гласаат против овој закони ќе ја сменат страната во Собранието – изјави потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски.

Сепак, Власта не губи време па затоа денеска првиот човек на дипломатијата Бујар Османи, и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски го презентираа планот како ќе се попишуваат дипломатите и нерезидентното население. За Османи ова е најважната статистичка операција и мора конечно да се спроведе.

„Еден месец пред останатите ќе бидат попишувани припадниците на Армијата, вработените во Дипломатско-конзуларните претставништва, затворениците, бездомниците, но и оние државјани што живеат надвор од земјава. Може да се пристапи само од странство. Обезбедени се сите мерки, сите податоци на граѓаните да бидат заштитени“, рече Симовски.

Иницијативата за граѓаните да се потпишат во 27 македонски градови и села а потоа пратениците на ВМРО – ДПМНЕ да поднесат предлог измени во законот за попис  во Собранието, и дава надеж на опозицијата дека ќе го блокираат процесот на попишување за кој велат дека се спроведува во погрешно време.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста