Шок-бомби и камења: Повредени новинарски екипи и полицајци- инциденти на протестите за „Монструм“

Шок бомби, камења кон полицијата и новинарските екипи. Очекувано протестот за случајот Монструм мина со инциденти. Седум полицајци полицајци и еден новинар завршија во болница.

Протестот беше запрен кај Мавровка од страна на полицијата, иако беше планирано да продолжи кон судот, па Собранието и да заврши пред Владата. Па, камењата кон полицијата беа една од најчестите слики на овој собир.

Покрај насилството на протестот можеа да се слушнат за голема Албанија, но и УЧК.

Неколку од оние кои протестираа беа и уапсени.

Покрај кордоните на полициски службеници, на протестот присутни беа и хермелини но и воден топ.

Протестот заврши откако полицијата на еден начин преговараше и двете страни да се повлечат, што на крајот и се случи.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста