26-годишен скопјанец добил срцев удар по прележан Ковид 19, се зголемува бројот на пациенти со сериозни компликации

26 годишен скопјанец добил срцев удар по прележан Ковид 19. Бил итно примен во болница, а за да му го спасат животот лекарите морале да му вградат стент. Но, ова не е единствен случај на млад човек да добие серизони компликации откако веќе го прележал вирусот. Уште двајца млади под 30 годишна возраст, биле хоспитализирани во ГОБ 8 Септември со пост ковид компликации иако пред да го прележат вирусот биле физички здрави. Интернистот доктор Владимир Ристовски вели оти бројот на пациенти, кои со сериозни компликации по прележан ковид бараат лекарска помош, се зголемува.

„Имаме доста голем број на пациенти кои развиваат срцева слабост после прележан Ковид, имаме пациенти кои што развиле акутна тромбоза, односно акутно запушување на долните екстремитети како компликација од вирусот Ковид 19. А имаме и пациенти кои за жал се повеќе млади, кои веќе прележале Ковид пред месец или два, а сега доаѓаат во фаза на акутна тромбоза на крвните садови на срцето, односно со акутен миокарден инфаркт. Тој број на пациенти е зголемен и се уште ќе се зголемува во наредниот период со оглед на тоа дека компликациите коишто биле претходно ги согледуваме сега и ги третираме сега“, вели интернистот д-р Владимир Ристовски.

Корона вирусот ги исплаши граѓаните, па и оние со хронични болести поради страв од пандемијата наместо во болница се лекуваат дома, вели доктор Ристовски. Проблем, за хронично болните со месеци беше и недостатокот на термини, бидејќи голем дел од докторите специјалисти беа ангажирани во ковид центрите.

„Секојдневно имаме пациенти кои доаѓаат доста касно, имаме пациенти кои после прележан инфаркт 3-4 дена доаѓаат во болница. Тие за жал се задоцнети, закаснети фази за третман на тие пациенти за побрзо спасување на срцевиот мускул, затоа секоја појава на симптоми, секоја градна болка да си се јави пациентот на лекар“, додава Ристовски.

Пациенти кои го прележале корона вирусот се жалат дека се уште имаат последици по здравјето со месеци по инфекцијата. Вакви сведоштва, на граѓани кои бараат совет или помош, секојденвно се среќаваат на социјалните мртежи. Дел од нив се жалат дека и по три месеци од болеста се уште не можат да си го повратат чувството на мирис и вкус на храната, а има и такви кои брзо се заморуваат при физички напор иако таков проблем пред да бидат изложени на вирусот, немале.

Сепак, корона вирусот најмногу удри врз пхисичкото здравје на пациентите. Докторите стравуваат дека психијатрите допрва ќе имаат полни раце работа.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста