Владата закажа седница напладне

Владата денеска со почеток во 12 часот ќе ја одржи редовната 87-ма седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, на предлог на Министерството за внатрешни работи ќе се разгледуваат повеќе точки, меѓу кои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција и Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за внатрешни работи.

На предлог на истото министерство, според дневниот ред, пред министрите ќе се најде и Предлогот на стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021 – 2023 година, со Акциски план.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста