Власта ги одбива амандманите од опозицијата за помош на земјоделството, шести ден Комисија за ребаланс на буџетот

Власта ги одбива амандманите од опозицијата за помош на земјоделството. Пратенците на комисјата за финансирање и буџет распрваат по 222 поднесени амандмани од опозцициските партии, од кои 153 поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

На стартот од расправата беше одбиен амандманот на опозицијата, да се предвидат 300 милиони денари за интервентен фонд за земјоделство. Пратеникот од Социјалистичката партија, Љупчо Димовски, истакна дека доколку постоел ваков фонд, немало да има потреба од ковид мерки за земјоделците. Ја обвини власта дека не се грижела за, како што рече, најизмачените граѓани.

Заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, рече дека не било точно дека власта не се грижела за земјоделците. Вели, годинава за овој сектор биле наменети 3 милијарди и 500 милиони денари.

  • Ако ги погледенме само субвенциите во земјоделството и во руралниот развој оваа година иако еден квартал е кризна и е пост кризна година ние со реалокацијата направени во овој предлог ребаланс доаѓаме на ниво од 8,5 милијарди денари средства за субвенции и за рурален развој што практично е на ниво на годините кога најмногу се инвестирало во земјоделство, рече Димитар Ковачевски, Заменик министерот за финансии.

Дебатата за амандманите ќе заврши на десетиот ден, без разлика колку амандмани се поминати на Комисијата. Извештајот за работата на Комисијата и ребалансот се враќа назад во Владата која во рок од три дена треба да го врати со вградените прифатени амандмани до Собранието, по што се одржува пленарна седница, која може да трае најмногу пет дена. Се очекува ребалансот на Буџетот да биде донесен пред крајот на месецов.

Ова е шести ден како пратениците распрваат за ребалансот, а од денеска ги разгледуваат амандманите.

Инаку, најголемиот буџет тежи 4,3 милијарди евра. Со ребаласнот се предвидува приходите да се зголемат за 5,6%, а расходите за 8,6%. Буџетскиот дефицит ќе се продлабочи за нови 200 милиони евра. Ребалансот за прекројување на државната каса се очекува да биде ставен на гласање кон крајот на оваа недела.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста