Влада како да немаме: Филипче на твитер,Спасовски на пресови само за избори,Заев се одмара

Владата дига раце од одговорноста за случувањата изминатиот викенд низ државата каде вриеше од полни дискотеки а имаше и повеќе свадбени веселби. Министерот за здравство Филипче вчера првично твитна и го впери прстот во Министерството за внатрешни работи и надлежните инспекторати. Зошто вината се префрла само на МВР од министерството за здравство без конкретен одговор.

“Непочитувањето на протоколите во однос на конкретните настани изминатиов викенд не се во ингеренција на Министерството за здравство. Ресорното министерство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат имаат ингеренции во друг тип на правни субјекти. Посочените настани се во ингеренција на други институции.” – велат од Министерството за здравство.

Владата на крајот од својот мандат се однесува како да е на “годишен одмор” се до избор на нова влада, оваа има обврски и ингеренции исто како првиот ден од кога беше формирана.

За тоа дека власта се “изолира” постизборно и бега од одговорност. На пример се уште техничкиот премиер Оливер Спасовски, имаше последна пресконференција  на 17-ти месецов на тема Државната изборна комисија.

Граѓаните се чудат како е возможно ниеден од највисоките функционери отворено на прес конференција да не каже јавна стратегија за справување со бомбастичното зголемување на бројките, или пак јавно да ги осуди  ноќните клубови односно граѓаните непочитувачи на мерките.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста