Високите сметки за стуја ќе ги проголтат парите за капитални инвестиции

Високите сметки за струја ќе ги проголтат парите за капитални инвестиции, реагираат градоначалниците.  Раскинувањето на  договорите со приватните добавувачи на електрична енергија и најавата дека од 1-ви Јануари за 3-4 пати ќе се зголемат сметките за струја ќе преставува сериозен финанси удар како за општините,така и за јавни претпријатија . Преку ЗЕЛС бараат Владата да интервенира, во спротивно  им се заканува губење на ликвидноста…

 „ Предлогот е да се достави барање до Владата за да може да интервенира за да се замрзне цената на струјата. Односно цената на покачувањето да биде субвенционирано со државна интервенција за да се овозможи општините и јавни претпријатија останат ликвидни. Доколку тоа не се случи ќе бидеме соочени со реален проблем со ликвидноста и со функционирањето на институциите под локална самоуправа„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Се уште се прават анализи за тоа колкави ќе бидат новите трошоци за електрична енергија. Според првичните калкулации ако јавното претпријатие Исар претходно плаќал фактура од 4милиони денари, сега со новите цени истата би изнесувала 20милиони. Единствен излез за штипското претпријатие е да исклучат  пумпите од сегашниот бунарски систем и градот со вода за пиење да се снабдува од ХС„Злетовица„ која директно ќе доаѓа до филтерот.

  „ И да се намали ставката за електрична енергија по основ на исклучување на пумпите од бунарскиот систем , самото тоа што ќе имаме зголемена цена на електричната енергија не верувам дека ќе се намли трошокот, но барем ќе ги рационализираме трошоците во фаза на оддржливост со пуштањето во употреба на водата од ХС„Злетовица„-изјави Иван ЈОрданов, градоначалник на Штип.

Дали водата од ХС Злетовица ќе се дистрибуира до граѓаните, ќе  зависи од анализите на квалитетот  кој се прават во Инститот за јавно здравје во Белград. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста