Новогодишна „честитка“ за граѓаните: 9.48% поскапува струјата, се укинува дневната евтина тарифа

Од први јануари цената на струјата ќе се зголеми за 9.48%. Регулаторната комисија одлучи дека не само што граѓаните ќе добијат повисоки сметки, со стартот на новата година ќе се укине и дневната евтина тарифа.

На пример, ако досега сте плаќале 2.000 денари, од следниот месец сметката ќе биде повисока за најмалку 190 денари, но колку повеќе ќе плаќа секое домаќинство не може точно да се пресмета бидејќи со укинувањето на дневната тарифа сметките ќе пораснат дополнително – во зависност од тоа колку таа се користела.

Граѓаните се гневни на ваквите одлуки. Велат дека и сега одвај успеваат да го поминат месецот, дополнителното поскапување само ќе го вложи и онака кревкиот животен стандард.

Инаку враќањето на евтината тарифа на струјата беше едно од главните предизборни ветувања на СДСМ пред доаѓањето на власт.

Следната година граѓаните ќе добијат и повисоки сметки и за парно. Енергетските компании доставиле известувања за тројно повисоки трошоци, или во превод бараат за 300% поскапо парно. Доколку бидат одобрени овие барања тоа би значело дека ако досега сметката за парно била 2500 денари, по поскапувањето ќе би достигнала дури 7500 денари.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста