Високите сметки за струја и скапата храна ја проголтаa скромната работничка плата

Како да се преживее од први до први со минималец и синдикална кошничка од над 500евра, прашуваат штипјани. Високите сметки за струја и скапата храна ја проголта скромната работничка плата. Граѓаните се на работ на егзистенција. Велат ниту две минимални плати не се доволни за гол живот на едно четиричлено семејство. За да преживеат од први до први буквално штедат на се.

  „Пензијата ми е 10.000денари. Освен леб и сирење друго ништо не можам да купум. Сега бевме да ги плаќаме сметките. Струја,вода,телефон и ништо не остана…за гол живот нема. Голема сиромаштија и скапија„-велат граѓаните

Само во последните три месеци од измнатата година синдикалната кошничка пораснала дури за 468денари. Најмногу 43,7% се троши за храна, а најмалку за култура и одржување на здравјето. Според пресметките на секое семејство му се потребни дополнителни педесетина евра за да може да ги подмири основните трошоци за живот. Граѓаните се категорични, минималецот да скокне на 18.000денари пак нема да биде доволен за нормален живот. На оние што се противат им порачуваат да пробат еден месец да живеат со минимални 15.000денари.

 „ Не сакат да се качи минималецот на 18.000. Зарем и со тие пари може да се преживее. За нормален живот се потребни минимум 20.000денари„-посочуваат граѓаните на Штип.  

Според податоците најголеми плати земат граѓаните во Скопје, а работниците во Штип,Кочани,Берово,Делчево и Пробиштип се најмалку платени за својот труд. Статистиката говори дека 60% од вработените во Источниот регион заработувааат помалку од просечната плата.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста