Протест во Скопје по повод смртта на Реџаил Ќерими

Протест од 13,30 часот пред споменикот Скендербег во скопски Центар, кој е планирано е да заврши пред Канцеларијата на Европската Унија во Скопје, организиран од Јетула Ќерими за неправдата која што му била нанесена на брат му, покојниот, Реџаил Ќерими, осуден на доживотен затвов во случајот Алфа. Организаторот на протестот бараат и  повторно отворање на предметот бидејќи одбраната собрала нови докази. 

Ве известуваме дека на 4 февруари во 13.30 часот ќе се собереме на плоштадот „Скендербег“ каде ќе го започнеме маршот во чест на Реџаил Ќерими и од Канцеларијата на ЕУ ќе побараме меѓународна истрага за сомнителната смрт, но и истрага за сите други политички монтирани случаи”, напиша Ќерими на социјалните мрежи.


Повторното вештачење од српски експерти на барање на одбраната во случајот „Алфа“ сè уште е во Кривичниот суд каде се чека одобрение дали овој предмет оди или не на повторно судење. Неофицијално, Кривичниот суд деновиве се очекува да побара мислење од Јавното обвинителство за вештачењето подготвено во странство, за подоцна да се пристапи кон повторно отворање или не на предметот. 


Случајот „Алфа“ се водеше откако во 2008 година, на паркингот на Математичко -природниот факултет во Скопје, животот го загуби албанскиот полицаец од единицата Алфа, Африм Латифи,  а двајца негови македонски колеги со кои бил на патрола беа повредени. На крајот од постапката, во април 2010, на доживотен затвор беа осудени сега починатиот Реџаил Керими и Агим Ислами.  На девет години затвор беше осуден Рамадан Шаќири како соучесник. Доживотен затвор доби и Алмир Дрпљанин, кој беше во бегство, а подоцна екстрадиран во Македонија за да ја одлежи казната.

Повторното отворање на предметот Алфа беше барање и на партијата на Гаши, Алтернатива при коалицирањето со партиите на власт а за што екс премиерот Заев прифати да има мониторинг. Правните експерти алармираа, дека со повторното отворање на предмети за кои веќе има судска правосилна одлука, политичарите ја мешаат судската и извршната власт и отворено прикажуваат дека македонското судство не си на врши работата на вистинскиот начин.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста