УНИЦЕФ: Газа стана гробница за илјадници деца, пекол на земјата за сите други

УНИЦЕФ: Газа стана гробница за илјадници деца, пекол на земјата за сите други

Светската здравствена организација при Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ) предупреди доколку не престане огнот во Газа, бројот на жртвите ќе продолжи да расте и дека децата ќе бидат во уште поголема опасност.

„Газа стана гробница за илјадници деца. Тоа е пекол на земјата за сите други. Повеќе од еден милион деца од Газа имаат критична криза со вода. Смртните случаи на деца се од дехидрација, особено доенчиња“, изјави Џејмс Елдер – портпаролот на УНИЦЕФ.

Светската здравствена организација предупредува дека 130 бебиња во Газа се во инкубатори, а над 60 отсто од тој број се наоѓаат на северот – каде што израелското бомбардирање е најсилно. Во моментов има околу 50.000 бремени жени, во просек се раѓаат 180 бебиња секој ден, а околу 350.000 луѓе страдаат од хронични болести како што се дијабетес, срцеви заболувања и рак – и им е потребна итна медицинска помош.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста