Укинувањето на пржинската влада не помина во Парламентот-Мицкоски предупредува од кукавичлук

Пржинската влада не го помина собранискиот филтер – Мозинството не остана доследно на ветувањето дека доколку има политички консензус техничката влада од сто дена пред избори ќе биде укината.Се правдаат дека одлуката била таква ото немале договор со опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ бараше техничката влада која беше договорена на лидерска средба да биде укината по скратена постапка во Парламентот и потоа да се оди на предвремени избори . Сепак само 32 пратеници гласаа „за“, а 55 гласаа против.

-Иако во јавноста се изјаснуваа дека се согласуваат за укинување на Пржинската влада, денес на еден кукавички начин повторно избегаа од избори. Ние сме свесни дека СДСМ ќе направи се за што подолго да остане на власт бидејќи знаат дека на наредните парламентарни избори ќе бидат казнети од граѓаните за своите штетни политики. Денес, СДСМ покажаа дека се се плашат од парламентарни избори и со одбивањето за укинувањето на Пржинската влада се обидуваат да избегаат од одговорност за сите штетни политики и криминали со кои ја доведоа државата на дното и сериозно го нарушија нејзиниот меѓународен углед, вели Лашкоска.

За првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ваквото однесување на власта во Собранието е кукавичко.

Најголемата опозициска партија побара од Законот за Влада да се отстранат одредбите што уредуваат: 100 дена пред избори да се формира техничка или преодна Влада, во која ќе партиципира и опозицијата. Овие одредби беа внесени во законот пред предвремените избори во 2016.

И покрај ваквиот однос на власта за предлозите на опозицијата во Собрание, Мицкоски бил согласен да седне на маса со премиерот Ковачевски и да разговара за актуелните прашања, иако како што вели дека лидерската средба се претставува како циркуска претстава.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста