Указот за законот за автопатишта потпишан пред три дена,Бочварски вели допрва ќе потпише Пендаровски

Дали министерот за транспорт и врски Благој Бочварски знае дека Указот за Законот за изградба на автопатиштата е потпишан од претседателот Пендаровски ? Тој денес на прес конференција во Свети Николе рече дека имаат најави дека законот ќе биде потпишан и од претседателот на државата.

„Ние доколку овој закон стапи во сила и како што  имаме најави дека веќе ќе биде потпишан од претседателот на државата , ние ќе постапуваме по него, но секој кој шо смета ддека треба да покрене иницијатива може да го направи тоа зашто ова е демократска држава„-изјави Бочварски

Од министерството се правдаат дека министерот бил запознат со фактот дека Пендаровски го потпишал Указот, но направил превид во информацијата.

Законот со кој се предвидува  автопатиштата Тетово-Гостивар, Гостивар –Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Битола-Прилеп се градат без тендер за Антикорупциска претставува висок ризик фактор за корупција и судир на интереси што во суштина го суспендира правниот систем во државата..информираат дека Законот на 16јули е објавен во Службен весник, по што на 24 треба да стапи во сила, по што Антикорупциска ќе поднесе иницијатива До Уставен суд за негово оспорување. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста